Анкета на НДИ: Мнозинство граѓани веруваат во фер избори и не се жалат на притисоци

Кај гласачите на владејачката коалиција значително е повисок процентот на оние кои се уверени во фер изборен процес, во споредба со опозициските поддржувачи
Мнозинство граѓани веруваат дека претстојните парламентарни избори ќе бидат демократски. Сепак разликата меѓу оние кои веруваат и оние кои не веруваат целосно во тоа е само пет процентни поени, во последната анкета на Националниот демократски институт (НДИ).

Поточно, 46 отсто од испитаниците се уверени дека изборите на 15 јули ќе бидат фер и демократски наспроти 41 отсто што не се убедени во тоа.
111

Од 504 испитаници кои не се уверени во фер избори, најмногу – 29 отсто стравуваат од притисоци, манипулации и фалсификување. Многу пониски се процентите на оние кои како причина за недовербата ги навеле сомневањата за мала излезност, меѓународно влијание, непрочистен избирачки список…

Шест проценти од критичните испитаници не веруваат во политичките партии, што е причина и да се сомневаат дека изборите ќе бидат фер и демократски
Мошне висок – 72 е процентот на испитаници кои тврдат дека во последните три години не биле изложени на притисок в врска со гласањето, ниту, пак, познаваат некого кој бил под таков притисок. Од друга страна, само три проценти рекле дека лично биле изложени на притисок во врска со гласањето.

Прашањето се однесува на периодот по смената на власта, односно во последните три години
Инаку, во последните три години, имаше три циклуси на гласање – локалните избори во 2017, референдумот за името во 2018 година и ланските претседателски избори.

2222

НДИ ја спроведе анкетата на јавното мислење на терен, преку интервјуа лице в лице, од 12 до 21 јуни, на национален репрезентативен примерок од 1 213 испитаници. Анкетата е со маргина на грешка од +/- 2,8 проценти и 95 проценти стапка на доверба.

Извор: 360 степени 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e