Анѓушев: Вработивме многу повеќе од претходната влада

Вицепремиерот на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев на денешната дебата на ТВ24 изјави дека целта на мерката која стартуваше од денеска, пораст наминималната плата од 14.500 денари не е да се заштитат сите вработени, туку оние кои немаат алтернатива, постари лица кои не можат да најдат друга работа.

-Реалноста во нашата држава е дека со минималната плата не ги штитите сите вработени, со таа плата не може да се прежвее. Со оваа минимална плата се штитат луѓето кои немаат алтернатива, луѓе кои не можат и нема каде да заминат, луѓе од 40-50 години. Ако има едно нормално работење, не може да се најде вработен за плата од 14.500 денари. Кој ќе ги задржи вработените со тие пари, вели Анѓушев.

Тој истакна дека оваа мерка постои во државите од ЕУ, на исто ниво како кај нас. Тој напомена дека мерката е лошо сфатена кај нас.

-Платите ја дефинира пазарот на трудот, ова е за да се заштита луѓето кои немаат алтернатива да најдат друга работа, вели Анѓушев.

Вицепремиерот за економски прашања исто така додава дека оваа влада се бори против сиромаштијата и на друг начин, а тоа е запослување на невработените луѓе. Како што вели тој, во споредба со минатата влада, оваа влада има вработено многу повеќе односно за само 2 години вработени се 54 илјади луѓе.

-Она што недостасуваше е да се направи ПР од оваа работа, требаше овие бројки да се споделат со луѓето, вели Анѓушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ