Али Ахмети е главниот поттикнувач на кршењето штабови на СДСМ?

Али Ахмети кој порачува дека СДСМ нема право да ги бара гласовите на Албанците, затоа што според него “пред 15 години убивал Албанци само затоа што сакале да учат на албански јазик” е поттикнувачот на вакви дела и ако не се откријат сторителите треба да биде главниот виновник. Некој треба да го потсети дека се служи со методот на “наметнување колективна вина” кој се користи во говорот на омраза.

Командантот Али треба да се сети и на тоа дека СДСМ беше првата партија која по војната во која беа направени и злосторства против цивили од страна на неговите команданти и борци прифати да се направи обид за помирување преку амнестија, лично него и партијата ги прифати како партнер во владата уште додека беа свежи раните од војната, ја спроведе новата територијална поделба на општините и го имплементираше рамковниот договор.

Во време кога ДУИ и СДСМ беа на власт во 2005 година Македонија го доби статусот на кандидат за член на ЕУ. Таквите реформи во периодот од 2002 до 2006 година го зголемија угледот на ДУИ , но не беа популарни кој македонските националисти кои гласаа за Груевски кој ветуваше дека никогаш нема да коалицира со терористите на Али Ахмети. Затоа Ахмети има обврска да се сети и на тие работи а не со говор на омраза да поттикнува кршење на изборните штабови на СДСМ во места кај што живеат и Албанци. Ако верува во својата програма време е да ги отвори одново своите штабови во Штип,Берово и во други места во кои имаше формирано свои партиски организации кога сакаше да покаже дека неговата партија е вистинска Демократска Унија за Интеграција.

Со неговиот говор на омраза и со приказната за Странските служби кои ја предизвикале кризата, тој за жал, неговата партија ја сведува на ниво на општински комитет на ВМРО ДПМНЕ и на политички приврзок на мафијата која со формирањето на СЈО е разобличена и го губи тлото под нозете.

Пишува Ѓорги Спасов

Извор: Слободен простор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e