Ахмети: „Заедничката Декларација” не го загрозува унитарниот карактер на државата

Заедничката Декларација“ на албанските партии во ниту една форма не го загрозува унитарниот карактер, ниту пак станува збор за федерализација или поделба. – се огласи преку Фејсбук, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој ги повика албанските политички партии да не ја претворат системската криза, како што тој ја нарекува, во меѓуетнички судир помеѓу Албанците и Македонците.

Ахмети им порача на граѓаните да ја сочуваат ладнокрвноста и да не потпаднат на однапред подготвени сценарија. „Ова е политички проблем за кој политичките партии и институциите треба да најдат најдобро решение за граѓаните“, пишува лидерот на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e