Ахмети не сака предизборно да коалицира со Заев

За претседателот на ДУИ Али Ахмети, предизборна коалиција со партијата на Зоран Заев нема да и биде од корист на ниту една од страните. Според него, такви предизборни коалиции се логични само на локално ниво или како што беше случајот на претседателските избори.

“Мислам дека таква предизборна коалиција нема да му користи ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Не мислам дека ние ќе бидеме спасители и да влеземе во такви предизборни коалиции поради атер. Тоа нема да му помогне ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Се уште постојат разлики во програмите. Ние имаме програмски разлики на национални линии“-изјави  Ахмети во емисијата “Аргумент“ .

Тој исто така рече дека е разочаран од албанските опозициски партии кои во минатото не прифатиле коалиција ниту со ДУИ ниту сами меѓу себе.

Во СДСМ велат дека се уште не е јасно дефинирано прашањето за коалиција.

Вицепремиерката Радмила Шеќеринска смета дека е рано за ова прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e