Дали ќе се викаме „Република Илинденска Македонија“?

„Република Илинденска Македонија“ е  предлогот за решавање на спорот за името, за кој вчера во Софија разговарале македонскиот и грчкиот премиер Заев и Ципрас, потврдија за НОВА дипломатски извори. Предлогот бил наводно прифатлив и за грчката страна, која инсистира новото име да важи „ерга омнес“ .

Пакетот решение за спорот освен новиот предлог за името, предвидува јазикот – да биде македонски. Во графата – националност, според предлогот ќе да биде запишано: Македонски/граѓани на Република Илинденска Македонија, а нема да има промена на меѓународните кодови и ќе продолжат да се користат кратенките, МК/МКД.

Премиерот Заев вчера потврди дека се разговара за пакет решение за спорот. По средбата со Ципрас во Софија изјави дека  разгледале неколку опции, од кои една била прифатлива и за двете страни.

Идејата е со референцата „Илинденска“  да се потврди историскиот континуитет на државата на кој се реферира и во Преамбулата на Уставот. Досега се преговараше за географски референци – во последниот сет предлози од  Нимиц беа: Горна, Северна, Вардарска.

Прочитајте повеќе ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e