46 годишна затвореничка почина во Идризово

Четириесет и шестгодишна затвореничка вечерва почина во женското одделение во затворот „Идризово“, дознава „Фокус“ од извори од затворот.

Според информации на неделникот, жената чиј идентитет е познат на редакцијата на весникот, се жалела на болки, а во 23.30 часот починала.

Во овој период во затворот нема лекар, бидејќи си заминува во 16.30 часот, па први на помош притрчуваат останатите затворенички, а дури подоцна стигнува  екипа на Брза Помош, но тоа најчесто е предоцна.

Наскоро ќе се споделат повеќе детали за случајот, но и за кошмарот зад решетките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e