„360 Степени“ анализа: Неоправдано приведените во земјава изминатите години „ги чинеле граѓаните„ 162 400 евра

Анализата на вечерашното издание на 360Степени појаснува дали судот го привилегирал екс разузнавачот Зоран Верушевски со отштетата од 7.500 денари за секој ден поминат во притвор за случајот „Пуч“.

Отштета од вкупни 17. 000 евра за притворот во истиот случај добила и неговата сопруга Соња.

Истражувањето на „360 Степени“ покажува дека нивните и не се така највисоки „дневници“ досудени во прв степен.

Ако Верушевски поради неоправдано лишување од слобода дневно добивал по 122 евра, за споредба, други осуденици, за јавноста непознати, добивале по 2000, некои 3000 денари по ден. Но, има случај кога еден осуденик добил рекордни 8 000 денари за ден поминат неправедно во притвор.

Во изминатите неколку години од Буџетот, односно од граѓаните, се исплатени162 400 евра отштета за неоправдано осудени.

Верушевски, како што кажа неговата адвокатка пред судот, доживеал душевна болка поради неоснованото апсење и држењето во притвор 344 дена за што беше доставен психијатриски наод.

Верушевски пред судот рече дека мотивот на оваа правна иницијатива е да се заокружи личната семејна голгота која му ја наметна државата, со конструкција без преседан во историјата на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e