Жерновски: Добредојдовме во НАТО!

Добредојдовме во НАТО!

Во овие денови на светска здравствена криза кога човештвото се бори со невидливата закана што веќе ја нападна целата планета, во време на општа мобилизација во одбрана на здравјето на сите нас, пристигна веста која долго ја чекавме од Шпанија, веста дека шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за нашето членство во НАТО!

Со 243 гласа ЗА, се случи и последната ратификација, за неколку дена во Вашингтон стануваме и официјално дел од најмоќните. Се оствари повеќедецинискиот македонски сон државата да стане членка на НАТО. Ова беше пример за една прекрасна солидарност на дело, бидејќи Шпанија и во една ваква вонредна состојба не дозволи да се одложи овој чин, важен за нив, но уште поважен за нас.
Евроатланската интеграција беше патоказот на мојата политичка и општествена активност во сите изминати години. Работев и живеев да го дочекам денот кога ќе можам со моите сограѓани да го споделам остварувањето на овој стремеж.
По 29 години, и успеси и кризи и искушенија, низ дијалог и договори, успеавме! Прашањето „Ќе ја биде ли државата?“ во изминативе 29 години беше поставувано многупати – и при напорите за нејзино меѓународно етаблирање и признавање, и по атентатот врз претседателот Киро Глигоров, и по конфликтната 2001 година, и по „црниот понеделник“, и по последната политичка криза, но и по крвавиот четврток. Од сите тие искушенија, низ дијалог, преговори и договори, некогаш “Охридски”, потоа „Пржински“, на крај “Преспански”, земјата УСПЕА!

Ќе успееме и во надминувањето на предизвикот со корона вирусот. Општествената мобилизација, максималната организираност и спремноста на државните институции ја истакнуваат зрелоста н државата. Само заедно, обединети, ќе излеземе од оваа глобална криза, ќе се издигнеме над се’ за да можеме подоцна да го одбележиме остварувањето на нашите стратешки државни цели и заокружувањето на македонската државност и суверенитет.
ФБ статус на Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e