„Здрава котлина“: Владата ги послуша граѓаните и нивните аргументи за зачувување на животите и чистата животна средина

„Од името на заедничката иницијатива, еколошките организации и граѓаните изразуваме голема благодарност до Владата и премиерот Зоран Заев за раскинувањето на концесијата за рудникот Иловица-Штука. Им честитаме на граѓаните и активистите за нивната истрајност и пожртвуваност. Ова е круна на нашата заедничка повеќегодишна борба и претставува успешен пример, но и значаен симбол на граѓанскиот активизам и отпор во изворна смисла“, пишуваат од иницијативата „Здрава котлина“.

„Владата ги послуша граѓаните и нивните аргументи, ја препозна нивната автентичност, загриженост и револт во борбата за зачувување на животите и чистата животна средина.

Законите на државата мора да се почитуваат, а делата да ги следат ветувањата.

Во конкретниот случај зборот на премиерот Заев даден на граѓаните во југоисточна Македонија денес е исполнет.

Сепак остануваат многу еколошки проблеми кои бараат посветеност и решавање кои се сумирани во барањата на здружените еколошки организации во „Зелен Фронт“.

Од наша страна изразуваме задоволство зошто правдата е задоволена и апелираме до сите чинители да продолжиме да ги решаваме еколошките проблеми со позитивен пристап.

Оставаме во аманет на следните генерации да ја чуваат здравата животна средина и никогаш да не дозволат рудници на смртта во југоисточна Македонија!“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e