Завршни инвестициски активности на ООУ „Јоаким Крчовски” во Крива Паланка

Во текот на 2019 година се направени многубројни инвестициски активности во ООУ” Јоаким Крчовски” во општина Крива Паланка. Имено, после 40 години ова основно училиште има комплетно сменет лик.

81622454_1471947576288581_5401974148513660928_o

81231390_1471947879621884_8894197084635267072_o

79930916_1471947599621912_8625728226674606080_o

80337737_1471947429621929_7856604754825183232_o

– Комплетно се изградени нови санитарни јазли во сите тоалети (комплетно заменети доводна и одводна мрежа) со што е остранет причинителот за изгледот на фасадата каква што е во моментот, а вградени се по два хидранта на сите катови и подрумски делови. Заменета е и доводната мрежа со соодветно 16 барско црево.

81173031_1471947852955220_7007785334415032320_o

80895550_1471947712955234_6684508171156848640_o

-Комплетно се заменети сите плочки по хоризонтали и вертикали во објектот од двата влеза.

-Вградени се и фотоволтаични панели-истакна Директорот на ООУ “Јоаким Крчовски”, Дане Петровски.

Меѓудругото извршена е и комплетна санација на санитарните јазли после 40 години.

Градоначалникот Мицевски заедно со стручите служби од општината беше во посета на училиштето и покрај досегашните активности на кои се работеше во 2019 тој ги спомена и идните планови и нови инвестициски активности што се предвидени.

80130185_1471947702955235_5899413051668430848_o

За наредната година се планира итно санирање на постоечката фасада со термоизолацина (енергетски ефикасна) фасада, со што се заокружува целокупниот процес за комплетно реновирање на овој учишен објект, а со што тој ќе ги исполни условите за енергетско ефикасен објект.
Сите училници каде што учат ученици до петто одделение во градот и подрачните училишта се опремени со смарт телевизори, достапен интернет кај сите, а извршена е набавка и две смарт табли, повеќе проектори и подвижен лаптоп за секој што има потреба-изјави градоначалникот на градот, Борјанчо Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e