Затворена јубилејната 35-та ликовна колонија св.Јоаким Осоговски

Нови 16 вредни ликовни уметнички дела се создадени на годинашната Меѓународна ликовна колонија св.Јоаким Осоговски што траеше една недела во прекрасниот амбиент на манастирскиот комплекс св.Јоаким Осоговски.

Оценка на организаторот е дека и во вакви пандемски услови се создадени високо-естетски дела кои ќе ја красат манастирската галерија.

Годинава твореа деветмина учесници, ликовни уметници од нашата земја: Стефан Хаџи-Николов, Данчо Ордев, Мирјана Крстева-Масети, Лазо Ѓоргиевски, Валентина Илијевска, Нела Стојчевска и Дејан Иванов-Маргуш.

-Имавме и двајца странски уметници, Светозар Тасиќ од Србија и Снежана Мелник од Украина, додека уметниците од Бугарија поради строгите пандемски мерки во нивната земја го откажаа учеството. На колонијата се создадени 16 ликовни дела и три скулпторски-ситна пластика. Колонијата се одржа и во знак на сеќавање на покојниот уметник Димитар Стојчевски од Крива Паланка, еден од основачите на колонијата, изјави Јордан Михајловски од организацискиот одбор на колонијата.

Колонијата е јубилејна, 35-та, а се одржа од 8 до 14 септември на конаците на манастирот.

Традиција од минатата година е од колонијата да се достави едно дело во трајна сопстевност на ликовната збирка современи уметнички дела во ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.

Веќе се закажани две изложби веднаш по стивнување на пандемијата во ЛУ Градски музеј, Крива Паланка и во Центарот за култура „Ацо Шопов“, Штип, а потоа и во други градови во нашата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e