Возел 11 пати од Кочани до Скопје – Погребан е херојот-возач на кочанската Брза помош

Вчера беше погребан Илчо Гоцевски од Звегор, Делчево, со живеалиште во Кочани, возачот на Итна медицинска помош во Кочани, кој почина на спиење, кобниот ден возел 11 пати до Скопје и работел 32 часа

„Тој беше херојот на транспортот на повредените деца од фамозната НЕ ДИСКОТЕКА. 11 пати имаше отидено за Скопје во кобниот ден. Помагаше и во пронаоѓање и препознавање на изгорените деца, како и транспортирање на истите до одредена дестинација.

Денеска немаше никој што да каже за човекот, кој после 32 часа работа, заспа од умор и никогаш не се разбуди“ изјави близок човек на Илчo за delcevo365.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e