Воз удри во ауди во Прилеп, двајца тешко повредени

Денеска изутрина во 05.20 часот на железнички премин на ул„Леце Котески“ во Прилеп, патнички воз удрил во патничко возило „ауди“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(60) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките К.Н.(53) и С.Р. од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот Ј.М. и сопатничката Д.М.(50) од Велес. Тие биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e