Во Крива Паланка викендов се одржува новогодишен базар 2019

И оваа година традиционално Центарот за култура од Крива Паланка ја реализира манифестацијата новогодишен базар 2019 година.
Новогодишниот базар ќе трае три дена почнувајќи од денес,петок па се до недела.

И оваа година како и минатата доминираат убавите рачни изработки на младата популација, од новогодишни чеситки, украси на шише па се до изработка на накит и облека.

Заинтересираноста е голема, а тоа е само уште еден доказ дека младите се уште ги ценат и почитуваат рачно изработените предмети,вредности и занает кој никогаш нема да изумре.

Еден таков млад талент кој изработува честитки на хартија од разни видови материјали е Фросина Стојчевска.За некои вели таа, оваа работа бара енергија и време додека, пак за мене е уживање и релаксација.

Изработувам разни рачни изработки на хартија кои се прикажани на мојот фејсбук профил.

bazar_

Оваа година тука се изложени голем број новогодишни честитки за кои ми беше потребно доста време и истите ссметам дека се продаваат по симболична цена-рече младата Фросина.

Денешниот ден покрај одбележувањето на новогодишниот базар имаше и друга симболика, имено многу дечиња од основните училишта во Крива Паланка се собраа пред општинската зграда да ја накитат новогодишната елка која за првпат се поставува од страна на општината.

Елката е во висина од пет метри и истата ќе го краси градот во текот на престојните новогодишни и божиќни празници во црвено-златна боја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e