Во Крива Паланка се одржа вториот културен форум

Центарот за аудио визуелни уметности во соработка со општина Крива Паланка денес го одржа вториот културен форум.

Како резултат на првиот форум генерално се дојде до заклучок според спроведената анкета, каде како целна група беше опфатена младата популација, дека младите се пасивни и не покажуваат ни најмал интерес за културни настани и манифестации кои се одржуваат во општината. Спротивно на ова, останатите граѓани покажуваат голем интерес за културата.

На денешниот кутурен форум беа претставени накратко новите предизвици на културен план, за кои нормално е потребна добро спроведена стратегија каде ќе се вметнат и предлозите на граѓаните и институциите кои лично, директно или индиректно влијаат за подобрување на културните настани и прават се со што би влијаеле да ги заинтересираат најмладите уште од рана возрас да имаат сенс за културни збиднувања во нивниот град.

Според изнесените податоци на вториот културен форум беше нагласено дека општината за новата Програма за култура за 2020 располага со рестриктивен буџет од околу 3 милиони денари и лимит на поголемите манифестации до 400.000 денари.

Исто така програмата за култура за 2020 година е децентрализирана и дополнта со нови содржини каде неопходно е за секој настан да има изготвено програма.

Токму наодите од спроведените анкети даваат релана слика за состојбата во културата во Крива Паланка, потебна е нова програмска развојна компонента за културните манифестации, особено традиционалните,подолгорочно планирање на традиционалните и пообемни културни настани и манифестации,културните настани да ги организира Центарот за култура, додека пак Градскиот музеј, оние настани пврзани со културното наследство, да се развие меѓуинституционална соработка како и интегрирање на повеќе културни настани во една манифетсација.

Во контекст на ова вреди да се напомене дека констатирано е дека јавноста е недоволно информирана за културните настани од тука и слаба заинтересираност за истите, според многумина се прикажуваат недоволно атрактивни содржини кои би ја интригирале јавноста, но најважниот сегмент кој треба да се нагласи е всушност начинотт на ппуларизирање на културата, особено кај младата популација, преку организирање и спроведување на едукативни работилници.

Во делот на предизвиците од денешниот форум накратко беа претставение оние за изградаба на нов Градски плоштад, а за тоа време да се наоѓаат нови алтернативни простори каде би се одржувале културните настани. Во понатамошна насока, по изнесените предлози и критики од страна на присутните, кои во добра мера се интереси и потребни на културен план, свој став изнесе и претставник од општината истакнувајќи дека за поголем и подобар број за одржување на тие настани на културен план потребни се финасиски,кадровски и технички ресурси кои секако ја отежнуваат работата.
Имено, за се останато во иднина поврзано со културните настани и манифестации треба да се разработат стратешки цели,а самите настани да бидат едукатори и стимулатори и за децата и за родителите.

Во изминатиот период општина Крива Паланка се претвори во културна установа се со цел реализирајќи дел од културните проекти од свој сопствен буџет кој не беше мал, ако само се спомене колку културни настани и манифестации се одржаа минатата година. За да, се подобри во иднина и да се направи стратегија за нови културни настани кои ќе ја привлечат јавноста потребно е да поработат на тоа сите заедно и институциите и организациите сосвои предлози и ставови за финална цел-реализација на успешна манифестација, но, сепак и дополнителни финансиски сретства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e