Во Крива Паланка ќе се реконструира Центарот за култура

Со 4.125.460 денари, кои Општина Крива Паланка ги доби преку програмата за рамномерен регионален развој ќе се реконструира и уредува внатрешноста на НУ Центар за култура. Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој, за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој, а договорот денеска го потпиша градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Проектот „Санација, поправка и опремување на НУ Центар за култура“ опфаќа активности за санација и опремување на кино салата, галерискиот простор, гардеробите и тоалетите, и поставување на нов систем за осветлување. Во рамки на проектот ќе биде вграден нов плафон како и нов систем за греење и ладење, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот.

Ова е прва поголема реконструкција на објектот кој е единствен од таков тип во општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e