(ВИДЕО) Митовски раскажа за приватниот живот, дури и за интересното запознавање со сопругата

Првиот човек на Крива Паланка Сашко Митовски гостуваше во Шоу „Магазин“ на ТВ Сител каде зборуваше за приватниот живот.
Менаџерските способности му се силна страна. Приватно е сопруг, татко на три деца.
Вели дека и со облеката се праќа порака.
-Преку гардеробата се трудам да пратам порака на блискост до граѓаните. Водам сметка секогаш стилот да биде соодветен со настанот, но избегнувам класично одело, вели тој во интервјуто.

Митовски вели дека практично градоначалниците се слуги на народот.
-Ние младите, новите генерации политичари треба да пратиме друга порака. Треба да бидеме во служба на граѓаните 24 часа.
Во однос на детството се сеќава дека тогаш било поубаво.
-Јас во она време во кое живеевме многу се разликува. Децата се се повеќе оптеретени со социјални мрежи и телефони. Ние имавме едно друго детство, со малски игри, дружење…
Целото интервју во кое Митовски раскажа и за интересното запознавање со сопругата Маја во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e