(ВИДЕО) Ацева: Започнува реконструкција на улица „Св. Наум Охридски“ во општина Кисела Вода

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Филип Темелковски континуирано работи на реализација на бројни проекти од инфраструктурата, преку изградба и реконструкција на улици и булевари во општина Кисела Вода, со што обезбедуваме посигурен и побезбеден сообраќај за граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Бојана Ацева, советничка во советот на општина Кисела Вода.

„Токму во таа насока започнува реконструкцијата на улица „Св. Наум Охридски“ во населба Црниче која опфаќа 680 метри должина, а ќе бидат заменети тротоари како и со поставување на нова атмосферска канализација од 300 метри. Предвидениот рок за изведба е 2 месеци.

Продолжуваме да инвестираме во подобрување на инфрастурктурата преку реализација на бројни проекти, претходно целосно ги реконструиравме улиците „Востаничка“, „Милан Мијалковиќ“ „Саса“, „Сердарот“ и други улици во општина Кисела Вода.

Во периодот што следи, водени од интересот на граѓаните со уште поголема посветеност продолжуваме со нови проекти во инфраструктурата.

Работиме во интерес на граѓаните и затоа го креираме најдоброто за секоја општина за секое населено место“ истакна Ацева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e