Уапсени осуммина Турци, претепале тројца скопјани во Центар

На 21.06.2021 околу 21.00 часот во Скопје на бул.„Александар Македонски” од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба биле лишени од слобода К.А.(28), Е.М.(29), Е.М.(35), Б.У.(28), Б.М.(33), Н.О.(24), И.В.(35) и Г.С.(30), сите турски државјани.

Според полицијата, осомничените на 17.06.2021 во 18.45 часот, на подрачјето на Центар, физички ги нападнале, К.А.(27), О.Б.(30) и Ф.Н., користејќи и тврди предмети. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Од МВР информираат за уште една масовна тепачка која се случила вчера околу полноќ на бул.„Партизански oдреди”, во близина на мост „Влајко”.

Тогаш дошло до нарушување на јавниот ред и мир со вербална расправија која прераснала во физичка пресметка помеѓу С.М.(26), Д.П.(25) и Б.А.(31), сите од Куманово, од една страна и Л.Н.(26) од Скопје и уште неколку лица, од друга страна, во која биле користени и тврди предмети. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e