Уапсен струмичанец за шверц на половина тон тутун

Вчера во Струмица, полициски службеници го привеле Ф.Ќ.(37) од с.Страхојадица, Општина Зелениково.

При преглед во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, извршен во содејство со државен инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле пронајдени и одземени 25 картонски кутии со суров тутун во лист со вкупна тежина од околу 500 килограми, за кои не поседувал никаква документација.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e