Тоше од Облешево го славел раѓањето на синот во дискотеката во Кочани, а синот никогаш нема да го запознае

Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59-те загинати во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според српскиот Телеграф, Богданов излегол со пријателите да го прослави раѓањето на својот син.

Тој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која, според неофицијални информации, се породила неколку дена пред трагедијата.

„Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега го нема“, изјавил извор запознаен со случајот.

Во пожарот во дискотеката загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, со најмлада жртва од само 14 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e