Тензично во Делчево: Дел од куќите во Балабанско маало изгорени, зафатени и куќи во Курјачко маало

Дел од куќите во Балабанско маало се изгорени, а зафатени се и куќи во Курјачко маало во пожарот што го зафати делчевскиот крај. Се евакуираат жителите и покуќнината.

Според изјави на жителите, не може да се влезе во маалото бидејќи тоа е целото зафатено од пожарот.

Пожарот се гасне теренски, а вклучен е и еден хеликоптер кој интервенира во делот меѓу Балабанско маало, Курјачко маало и Тработивиште.

Во моментот дува силен ветер кој го отежнува гаснењето на пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e