Станечки Водопади се новата атрактивна туристичка дестинација во кривопаланечко

Крива Паланка гради нова туристичка мапа. Станечки Водопади се новата атрактивна дестинација каде туристите ќе можат да уживаат во убавините на природата и прекрасните пејзажи на овој крај со недопрена природна убавина во нашата општина, соопшти градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
На локалитетот, вчера и денес, се одржа промотивен настан со млади „Зелен викенд“-дел од проектот „Да ги поврземе бисерите“ кој Општина Крива Паланка, град Лесковац и Центар за развој на Јабланички и Пчињски округ го реализираат со финансии од Е преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Србија и С.Македонија.
-Над стотина млади учествуваа на спортско-рекреативниот настан во повеќе дисциплини и ја промовираа важноста на здрави навики и спортските активности. „Да ги поврземе бисерите“ овозможи изградба на патека кон туристичкиот локалитет Станечки водопади, уредување со урбана опрема, а патеката води кон Ловечка куќичка на Калин Камен, места кои во иднина се очекува да прераснат во туристичка атракција и да привлечат бројни туристи, посочи Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e