Скопјанка украла злато во Чаршија, златарот ја истепал, а таа го пријавила

Скопјанка вчера украла златен предмет од златарница во Старата чаршија, a слатарот ја фатил и ја истепал, по што таа го пријавила, соопшти полицијата.

„На подрачјето на Бит Пазар-Скопје, вчера во 13.40 часот полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Р.А.(37) од Скопје. Таа се сомничи дека претходно од златарница одзела златен предмет. Р.А. пријавила дека околу 13.00 часот во златарницата продавачот Н.А.(60) од Скопје ја нападнал физички.

Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e