Скопјанка со „пежо“ прегазила полицаец и удрила во два паркирани автомобили, од кои еден полициски

Млада скопјанка направила „карамбол“ во центарот на Скопје и завршила во болница, откако прегазила полицаец и удрила во два паркирани автомобили.

-Денеска (16.11.2022) околу 00.30 часот на бул.„Гоце Делчев” во Скопје, патничко моторно возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Скопје, удрило во запрено службено полициско возило. По што удрило во полициски службеник и уште едно запрено патничко моторно возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (27) од Скопје.Во незгодата со телесни повреди се здобила С.А. и полицискиот службеник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, велат од МВР.

Увид бил извршен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e