„Ретро шоу на олдтајмери“ во сабота во Крива Паланка

И оваа година Општина Крива Паланка, во соработка со клубот „Олдтајмер Витези“ од Куманово, го организира „Ретро шоуто на олдтајмери“.
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота, 19 април, од 11.00 до 15.00 часот, по втор пат ќе биде епицентарот на стил, класа и автомобилска историја која предизвикува голем интерес кај граѓаните и љубителите на класични автомобили од регионот и пошироко.
Возилата ќе пристигнат во 10:30 часот на паркингот кај ресторанот „Облаче“, каде ќе бидат нумерирани и обележани, а потоа, со дефиле низ централната градска улица, ќе пристигнат до Градскиот плоштад за да блеснат во целосен сјај, информираа од општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e