Рекорден Милионер џек пот вреден 1,7 милиони денари освои Ристо Костадинов од Марвинци

Ристо Костадинов од село Марвинци, стана сопственик на најголемиот Милионер џек пот во декември годинава. Најпосакуваната Милионер џек пот добивка на Државната видеолотарија му донесе фантастични 1.764.482 денари. Добивката Милионер џек пот  е освоена на 06 декември во Валандово во „Спортлајф трејд“.

Костадинов вели дека е пресреќен за освоениот износ, но сѐ уште нема план за трошење. Верува дека со оваа добивка, следната 2020 ќе биде среќна за него.

Уште еден среќен добитник, пристигна во Државна видеолотарија. Славчо Трајчевски од Демир Хистар, освои Милионер џек пот вреден 1.469.125 денари. Фантастичната добивка ја освоил на видеолотариските терминали на 03 декември во „Клуб Спорт 77 Евротип“ во Демир Хисар. Славчо вели дека ова не е прва негова добивка, но секако е највредната освоена досега.

Најголемиот износ на Милионер џек пот добивката за 2019 сѐ уште е кај 177. добитник, Трајче Иванов од Штип. Добивката вредна 1.791.299 денари, ја освои на 14 јануари годинава.

Државна видеолотарија ги стартуваше џек пот добивките на први јуни 2016 година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 297 Милионер џек пот добивки во вкупен износ од 442.922.909 денари. Покрај нив, освоени се и 55.882 Мини џек пот добивки во вкупен износ од 296.004.114 денари. Мини џек пот добивките се во вредност од 4.000 до 5.000 денари, додека најпосакуваната Милионер џек пот добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e