Реконструкција на општинското училиште „Илинден“ од Крива Паланка

Во изминатиот период беа извршени повеќе зафати за реконструкција и санација на општинското училиште „Илинден“ во Крива Паланка. Всушност најмногу е вложено во обновата на санитарните јазли на сите четири ката, кои постоеја уште од изградбата на самото училиште.

Направена е и замена на внатрешната столарија, имено заменети се вкупно 43 врати со нови ПВЦ врати. Набавен е и нов мебел за наставничката канцеларија.

Опремена е и училишната библиотека со нови полици за книги, а набавени се и 300 нови лектирни изданија. Исто така, се набавени 180 столчиња за училниците и нови 25 ЛЦД монитори.

Набавени се канцелариски мебел и опрема за подрачното училиште во село Мождивњак.

Набавени се опрема и сретства за наставата по физичко образование.

Во годината што претстои приоритет на општинското училиште „Илинден” ќе биде реконструкцијата на училишната спортска сала нешто што е навистина неопходно за ова училиште.

За реконструкцијата и набавката на нова опрема потрошени се сретства во висина од 4,5 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e