Променет сообраќаен режим во центарот на Скопје поради најавениот марш

Од Град Скопје известуваат дека во 18ч пред Собранието ќе почне граѓански марш, па оттука затворени за сообраќај ќе бидат и двете насоки на улиците 11 ОКТОМВРИ и ДИМИТРИЈЕ ЧУПОВСКИ на потегот од крстосницата со бул. КОЧО РАЦИН до крстосницата кај ТЦ ПАЛОМА БЈАНКА, како и од к-цата со улица ДАМЕ ГРУЕВ и ВАСИЛ ГЛАВИНОВ кон к-ца со ул. ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ и ул. ДАМЕ ГРУЕВ . Маршот ќе заврши пред комплексот судови во Скопје.

-АПЕЛИРАМЕ до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег, стои во информацијата од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e