Приведен прилепчанец кој со потерница се барал за издржување затворска казна

На местото викано „Соларна централа“ вчера во 17:30 часот полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Старавина го привеле О.С.(40) од Прилеп, поради распишана потерница за издржување казна затвор.

Како што соопшти МВР, О.С. се превезувал во патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, а при направена проверка било констатирано дека за него е распишана потерница. Лицето е предадено во Казнено поправна установа Затвор Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e