Приведен 28-годишник од Крива Паланка- лажно се претставувал дека работи во МВР

На 28.09.2022 во 09.25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Ѓорче Петров, Одделение за криминалистички работи го лишиле од слобода Б.Р.(28) од Крива Паланка, со престој во Скопје.

-Тој се сомничи дека довел во заблуда лице од Штип, лажно претставувајќи се како вработен во МВР, и му ветил дека може да му извади лиценца за обезбедување и возачка дозвола без полагање, при што во два наврати му земал вкупно 1782 евра.При претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e