Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше експартнерката

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи притвор за 45-годишен скопјанец осомничен дека извршил семејно насилство врз неговата поранешна партнерка во скопската населба Кисела Вода.
Според обвинителството, осомничениот насилно ја извлекол жртвата од домот каде што живеела, ја однел во својот дом во близина и таму ја нападнал со шлаканици, клоци и удари со мобилен телефон. Жената се здобила со телесни повреди – рани и хематоми на главата и телото.
Од Обвинителството наведуваат дека постојат индиции за повторување на насилничко однесување, бидејќи на лицето претходно му биле изречени мерки на претпазливост за слични дела. Поради ризик од бегство и повторување на делото, побарана е мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e