Повредени тројца полицајци во сообраќајка кај Струга

Четири лица, од кои тројца се полицајци, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид-Струга, кај селото Мислешево, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според него, несреќата се случила во 17 часот и 33 минути, кога се судриле автомобил „Форд“ со скопски таблички, сопственост на МВР и „Опел“ со струшка регистрација, сопственост на М.А.(52) од Струга.

– Во несреќата со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струга, се здобил возачот на „Опелот“. Патниците во полициското возило, Д.П.(29) и Д.К.(28), двајцата од Скопје и Д.Ј.(31) од Куманово, се префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош. За карактерот на нивните повреди ќе следува дополнителна информација, изјави Димоски.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e