Полицијата пронајде дрога кај 29-годишен жител на Крива Паланка

Полицајци пронашле дрога и опијати во домот на дваесетидеветгодишник од Крива Паланка по претходно поднесена кривична пријава.
-Полициската станица Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против дваесетидеветгодишниот Ј.М. од село Борово, Кривопаланечко, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во домот во кој престојува Ј.М. во село Градец, Кривопаланечко, извршен со судска наредба, на први декември 2022, биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово Ивана Младеновска.
Полицијата работи на преземање понатамошни мерки за разрешување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e