Петгодишно дете се здобило со повреди откако вчера паднало од балкон на семејна куќа во Гостивар.
Инцидентот бил пријавен во ОВР Гостивар од страна на вработени во Ургентниот центар во 19:00 часот.
– Детето по укажаната прва помош е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, информираа од МВР.
Увид на местото извршила полициска екипа од Гостивар.
