Падна снег на Попова Шапка

Во текот на ноќта во ски центарот Попова Шапка се создаде првата поголема снежна покривка, но сепак таа не е доволна за почеток на скијачката сезона. Според информациите од ски центарот, има десетина сантиметри снег, но за да може да се скија се потреби најмалку 30-тина сантиметри.

-Потребни се уште најмалку дваесетина сантиметри дополнителна снежна покривка за да може да се почне со работа со специјалните возила и машини „ратраци” за обработка и подготвување на скијачките терени и нивно оспособување за скијање. Тоа што досега не се создаде добра снежна покривка создаде проблем поради откажување на резервации, изјави Живе Алексовски, извршен директор на ЕЛЕМ Турс.

Од друга страна, пак, додека беа сончевите денови граѓаните ги користеа жичарниците – новиот шестосед и Церипашина за панорамско разгледување.

-Имаше посетеност, но сите го очекуваат снегот за скијање. Двете жичарници беа посетени доста. Сите ски-лифтови и жичарници во текот на претходни месеци се сервисирани и се подготвени за работа, недостига само снег, изјави Алексовски.

Според најавите, доколку има доволно снег, скијачите ќе имаат прилика да го користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ, како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e