Отстранети импровизираните објекти од Кејот на Вардар

Град Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика, се изврши чистење на импровизираните објекти на ролерско-велосипедската патека на Вардар, која е посочена како една од локациите на која често се врши нелегално палење на отпад и придонесуваат на загадувањето на амбиенталниот воздух.

– Ова е второ чистење на оваа локација во изминативе две години и иселување на лицата кои живеат на оваа дива населба. За таа цел решивме овојпат, покрај нивно дислоцирање, да извршиме и целосно чистење на просторот со цел да спречиме нивно повторно враќање. Градот работи да ја утврди и сопственоста на конкретната локација, бидејќи тука имаше спорни состојби, за доколку истото е приватно земјиште да го задолжиме сопственикот истото да го огради, додека доколку е државно истото да го облагородиме и да го урбанизираме и да спречиме повторно да се создаваат вакви појави додаде градоначалникот Шилегов.

Од Град Скопје информираат дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја оценила денешната акција како успешна, каде вработените од Министерството го чистеле реонот околу Скопското кале и Музејот на современа уметност.

– Од оваа локација преселивме и обезбедивме соодветно топло живеалиште во зимскиот период за 14 семејства или околу 80 лица. Ова го правиме вторпат, каде овие лица имаат живеалишта од привремен карактер во Визбегово зад домот за азиланти. Со ова не само што обезбедуваме топол дом за најмладите и можност истите да ги посетуваат дневни центри и училиште, туку имаме и можност да ги активираме работоспособните лица да бидат активни на пазарот на труд, се со цел обезбедување на социјална парична помош и детски додаток, да понатаму ги видиме како активни чинители во економијата во државата, рече министерката Царовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e