Ограбена аптека во Чаир, дошол сопственикот му се слошило и починал

Трагичен настан се случил синоќа во скопската населба Чаир – 40-годишен сопственик на аптека на улицата „Џон Кенеди“ починал кога дошол во објектот, кусо време откако вработена му јавила дека аптеката била ограбена, објави ТВ21.

„Десетина минути подоцна во аптеката дошол сопственикот А. С. (40), на кого, според пријавеното, му се слошило. За кратко време дошла Итна помош и со нивно возило е однесен на Клиниката за кардиологија, каде од страна на лекар е констатирана смрт“, пренесе ТВ21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e