Нови тротоари на главната улица во Крива Паланка

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, соопшти дека стартува уште еден проект, за, како што вели урбана и модерна Крива Паланка и за поголема безбедност на граѓаните.
-Денес започнаа градежните работи за изградба на нови тротоари на главната улица, од клучката кај влезот во градот сѐ до градинката”Детелинка”. Инвестираме во нови тротоарски површини, а овој дел од градот ќе биде разубавен со дрворед, ќе бидат засадени садници јавор платан и главната улица ќе добие комплетно нов лик, порача Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e