Нападнат полициски службеник од пациенти во поликлиниката „Ѓорче Петров“

Во поликлиниката „Ѓорче Петров“ во истоимената скопска општина синоќа пациенти нападнале полициски службеник.

Полицијата соопшти дека синоќа во 23:05 часот во полициската станица во Ѓорче Петров е добиено известување од дежурната екипа на поликлиниката дека пациенти го нарушиле јавниот ред и мир по што нивни службеник излегол на местото на настанот. Кога полицискиот службеник се обидел да ги легитимира, тие го турнале, му го зеле тефтерот и рачната радио станица и ги фрлиле, по што заминале со патничко возило „мерцедес“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e