Млада девојка прегази тетовчанка на паркинг

61-годишна жена се здоби со тешки телесни повреди, откако била прегазена на паркинг.

– На 09.01.2023 во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на паркинг на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната тетовка Е.З., удрило во 61-годишната И.С. од тетовска Гургурница, информира МВР.

Во несреќата, И.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e