Митовски: Се воведува зонско паркирање во централното градско подрачје на Крива Паланка

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски посочи дека се носат храбри одлуки и се решаваат горливи проблеми на граѓаните.

Отпочнува решавањето на сообраќајниот метеж во Крива Паланка, истакна Митовски.

„Cо денешната Одлука на Советот на општината – започнува воведување на зонско паркирање во централното градско подрачје.
Одлуката следува по спроведената јавна анкета на која 53% од граѓаните се изјаснија “ЗА” воведување зонско паркирање.
Со зонско паркирање ќе стопанисува ЈП „Комуналец“, што подразбира- приходите остануваат во општината,
-цената ќе биде утврдена дополнително, по изработка на основниот проект со финасиска анализа, но сумата би била симболичнa/ минимална,
-ќе се понуди бесплатен-алтернативен паркинг за сите што поради рабтни обврски работа во раните утрински часови ги оставаат возилата во центар,
-задолжително ќе следи тест-период од два месеци за прилагодување адаптација,
-дотурот на роба во маркетите и дуќаните на главната улица ќе се врши од 6:00 до 9:00 часот и попладне од 17:00 до 19:00 часот,
-жителите од станбените згради ќе добијат повластени услови за парикарње, а
-сите граѓани ќе користат 10 минути запирање и паркирање без наплата за извршување на обврските“, соопшти Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e