Митовски на народниот собир во село Градец по повод празникот Св.Симеон: Ја добив честа да бидам еден од кумовите за наредната година

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка Сашко Митовски денеска по повод празникот Св.Симеон беше дел од празнувањето и народниот собир во село Градец, Крива Паланка.

„На овој убав ден, на празникот Св.Симеон, бев дел од празнувањето и народниот собир во село Градец, на покана на почитуваниот доктор Љупчо Петковски, којшто е благословен да биде еден од кумовите на празнувањето денес, а јас ја добив честа да бидам еден од кумовите за наредната година“, истакна Митовски.

Митовски нагласи дека неговото потекло е токму од село Градец, но и официјално е жител по лична карта, токму на село Градец.

„Нека е за многу години, за арно, за убаво, да се гледаме за убави работи и заедно да прославуваме убави и радосни моменти.
Да сте живи и здрави, среќен празник!“, посочи Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e