Милевски: Стакленик и метеоролошка станица во Полошкиот регион за подобрување на земјоделското производство

Стакленик и метеоролошка станица кои се поставени во кругот на средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово ќе бидат можност за едукативни цели, доедукација и помош на заинтересираните страни за да можат да истражуваат во одгледувањето на земјоделски култури и тоа да го применат во пракса. Проектот е вреден 2.169.000 денари, ќе значи и поттик на развојот и подобрување на земјоделското производство, порача министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој беше во посета на училиштето.

– Иако Полошкиот регион има долга традиција во земјоделското производство, одгледувањето на култури во стакленик не е достапно за голем број на земјоделци поради потребните инвестиции. Стаклениците од друга страна овозможуваат одгледување на култури во контролирани услови, со примена на нови научни сознанија и технологии, а со тоа и оптимизирање на производство. Овој проект поддржан од Швајцарска агенција за развој и обнова, ќе придонесе за зголемување на производството во земјоделството преку подобрување на компетенциите на жителите на Полошкиот плански регион со воведување на нови и попрофитабилни методи и култури, појасни министерот Милевски.

Тој истакна и дека на овој начин ќе се зголеми бројот на жители кои имаат вештини за одгледување на култури во стакленик, по пет лица од секоја општина, односно вкупно 45 лица од регионот.

–Исто така 30 ученици од земјоделско-ветеринарна струка ќе стекнат вештини за одгледување на култури во стакленик, а ќе се подобрат и условите за изведување на практична настава во училиштето. Околу 179 ученици од електротехничка струка, пак, ќе стекнат вештини за автоматизација и програмирање ќе ги подобрат своите познавања со изведување на практична настава во училиштето заедно со 20 наставници од електротехничка и земјоделска струка што ќе ги зголемат компетенциите за работа во стакленик, истакна Милевски.

Во рамки на опремата има и метео станица која го потпомага компјутерот за автоматска регулација на условите во стакленикот.

–Во рамки на проектот предвидени се и обуки за стекнување вештини за одгледување на земјоделски култури во стакленик и обука за стекнување вештини за претприемништво, односно изработка на бизнис планови, рече Милевски.

Стакленикот има опрема за автоматска регулација на температурата, технологии за прихрана на културата и автоматика за наводнување на база на системот капка по капка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e