Мицевски им подари новогодишни подароци на децата од детската градинка „Детелинка“

Во пресрет на новогодишните и божиќни празници денес градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски во придружба на Претседателката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска, беше во посета на детската градинка „Детелинка”, имено Мицевски ги посети сите три објекти на градинката и на најмалите заедно со Дедо Мраз им подарија новогодишни подароци. На тој начин успеаа барем за миг да ги израдуваат и да им го пренесат предновогодишното расположение.

-Најмилите и најбитните во нашите животи се децата.Тоkму затоа наша задача како општина е да направиме се за да видиме насмевка на нивните лица.Во чест на празниците на сите дечиња им посакувам среќни празници,да имаат среќно и безгрижно детство,многу насмевки и радости на нивните невини лица,како и успеси во понатамошниот живот-рече Мицевски,градоначалник на општина Крива Паланка.

И дечињата возвратија преку игра и песна дружејќи ги денешните гости,а за возврат им врачиња новогодишни честитки со искрени желби за здравје, радост и срека.

Во рамки на одбележувањатана Нова Година, денес пред општината на плоштадот” Карпошово востание” се одржа Новогодишен хепенинг на кој се претставија ученици од основните и средното училиште,од градинката како и солистите и хорот на детскиот фестивал “Распеано симитче”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e