Марш во Гевгелија за поддршка на заболените од рак

Со почеток од 15.00 часот во Гевгелија, здружението Changemakers4all утре ќе одржи едночасовен марш во молк „И ти може да бидеш пациент“ за подигање на свеста за проблемите и бројноста на пациентите болни од рак во овој регион.

Маршот ќе започне во 15:10 часот од „Екстра Маркет“ на булевар Гевгелија, а ќе заврши до кафе бар ,,Центар‘‘ на градскиот плоштад.

„Пак во Скопје, се во Скопје – да размислиме дали има можност да се отвори оделение за Онкологија во градот со обучени лица, за Хемотерапија која ке го покрива регионот на Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран. Марп во молк за свесност на алармантната ситуација на заболени и починати од канцер. Марш во молк за поддршка на формирање на здружение, со раководство кои што ќе даде се од себе, за барање и исполнување на потребите кои што се од животно значење за нашите сограѓани заболени од ова болест“, стои во најавата за маршот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e