Малолетничка прегазила 21-годишна девојка, по што избегала

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека 16-годишно девојче од Скопје, возејќи синоќа автомобил во автокампот во Крани, удрила во 21-годишна девојка од Битола, која се здобила до тешки телесни повреди.

Девојчето потоа удрило и во две паркирани возила и канделабра, по што избегало од местото.

Од полицијата додаваат дека ја пронашле малолетничката и ја довеле во станица, во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e