Лицата со попреченост добија новогодишни подароци од страна на градоначалникот на Крива Паланка

Денес штитениците од Дневниот центар за лица со попреченост ги добија своите новогодишни подароци врачени од страна на градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Воедно Мицевски во чест на престојните новогодишни и божиќни празници на лицата со попреченост им организираше традиционален ручек.
-Во овој момент сакам на штитениците на Дневниот центар да им ги честитам престојните празници, посакувајќи им добро здравје, среќа и радости-рече Мицевски, воедно поканувајќи ги на новогодишниот хепенинг.

Во Дневниот центар за лица со попреченост има 22 лица на кои денес можеше да се забележи само искрена насмевка и среќа преку која за искажаа својата благодарност за добиените новогодишни подароци.

Вработените од Одделението за дневвен престој на лица со попреченост, изразија голема благодарност до градоначалникот Мицевски и до локалната самоуправа за добиеното внимание не само овој ден, туку во целата година што изминува.

Во текот на целата година добиваат внимание, грижа и љубов од страна на градоначалникот, а денес беа особено среќни што ги израдува штитениците пред престојните празници.

Во текот на следните неколку дена Мицевски ќе ги посети сите градинки во општината се со цел да ги израдува и најмалите подарувајќи им новогодишно пакетче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e