Кумановка фатена на дело, крадела пари од каса во маркет

На 21.09.2022 во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Е.П.(41) од Куманово.

Таа била фатена на дело при одземање пари од каса во маркет на ул.„АВНОЈ“ во Куманово.

Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.П. била приведена и задржана во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e